Оваа година по четврти пат се организираше Националниот MOS натпревар, каде натпреварувачите ги покажаа своите вештини во познавање на Microsoft Office апликациите: Word, Excel и PowerPoint (2013 или 2016).

На 6.5.2019 во просториите на Certiadria  учествува учениците: Јане Панов , Давид Шумански, Давид Величковски, Марио Митевски, Александар Николовски и Марко Младенов под менторство на проф. Сениха Мандал. Ученикот Јане Панов покажа исклучителни резултати а исто така Давид Шумански и Давид Величковски успешно го положија официјалниот МОС испит и се здобија со сертификат за Microsoft Office Specialist.