На државниот натпревар "Лидер на струка" кој денес се одржа во СОУ "Гошо Викентиев" - Кочани, нашите ученици учествуваа во конкуренција на сите електро и сообраќајни стручни училишта од Македонија. И не само што учествуваа, и во двете струки го освоија 1то место. 
Честитки за учениците Светлана Игнатовска и Кристијан Анѓелкоски. Исто така честитки и за нивните ментори-професори Ана Николовска и Јасна Домазетовска(електро предмети), Мартин Павлов и Александар Каракачанов(сообраќајни предмети) кои несебично го пренесуваат своето знаење на учениците.