Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди

По повод Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди, настан организиран од страна на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот, на ден 19.11.2018г., во креативниот центар „Јавна Соба“ – Скопје се одржа предавање на тема „Младите жртви во сообраќајни незгоди“. Од нашето училиште на настанот присуствуваше група од 20 ученици од III година и наставниците Александар Каракачанов и Трајче Шопов. На ден 26.11.2018г. и 28.11.2018г. професорите Катерина Стојческа и Зоран Ѓоргиевски со класовите 4-1 и 4-2 реализираа посета на меѓународната шпедиција Нова Шпед“- Скопје.