Конференција за градење искуство со проекти за подобрување на механизмите за подобро практично образование во регионот

Во Скопје, на 5 и 6 јуни 2018г. се одржа дводневна меѓународна конференција на средни стручни училишта во регионот, Конференција за градење искуство со проекти за подобрување на механизмите за подобро практично образование во регионот, на која учествуваа бројни угледни личности  и институции од државата и од странство.    

           Нашето училиште беше организатор на првата Меѓународна конференција на средни стручни училишта од регионот организирана во соработка со развојниот центар АКЕТ од Трикала, Грција, Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија и СТЕМИЦ. Целта на конференцијата беше регионално вмрежување на средните технички училишта за полесно аплицирање и добивање на средства од европските фондови.

Настанот започна на 5 јуни со посета на училиштето – домаќин од страна на училиштата  од странство. Директорот на училиштето м-р Билјана Глигорова истакна дека ова е првиот чекор на заедничка организирана соработка која во иднина со аплицирање на заеднички проекти во регионот ќе имаат бенефит учениците, наставниците и самите училишта.

         Директорот на Националната агенција  за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Лидија Димова ги запозна присутните гости со сите новини во Еразмус програмата. Таа упати порака дека Агенцијата е отворена за соработка и дава целосна поддршка за заедничка работа како на нашите така и на училиштата од соседството. Гостите го разгледаа училишниот простор и се запознаа со расположивите ресурси на училиштето. Нашите учениците ги изложија и презентираа своите практични трудови изработени на часовите по практична настава пред заинтересираните гости. Во топла и пријатна атмосфера гостите и домаќините направија една прошетка низ градот и се запознаа со неговите убавини.

                                    

На 6 јуни во хотел „Континентал“,Скопје, Конференцијата свечено ја отвори Директорот на СУГС „Владо Тасевски“ и на присутните гости им посака срдечно добредојде и успешна работа.

Целосна поддршка на иницијативата за  вмрежување на техничките училишта, во своите обраќања дадоа г. Миле Димитровски од Комора на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија, градоначалникот на општина Гази Баба, г.Борис Георгиевски, претставникот од Центарот за стручно образование и обука, г. Горан Спасовски, г. Драганчо Апостоловски од СТЕМИЦ и  Ахелас Костулас од развојниот центар АКЕТ од Трикала.

Д–р Цветанка Ристиќ го претстави пред присутните нашето училиште со презентација во која беа опфатени историјатот, структурата, стручното усовршување на наставниот кадар , целите и нашата визија за во иднина.

Директорите на училиштата од Ниш - Р.Србија, од Благоевград - Р.Бугарија, од Тирана - Р.Албанија и од Кардица и Трикала - Р.Грција зборуваа за своите училишта, учениците и нивните достигнувања.

Реализацијата на Конференцијата, која е прва од ваков вид во регионот, беше поддржана и проследена од голем број преставници на релевантни медуми од државата.

На крајот на Конференцијата се потпиша Меморандум за соработка и креирање на регионална мрежа на технички училишта за заедничко настапување на проекти и фондови

                    Координатори на настанот

Елена Лентиќ  и д-р Цветанка Ристиќ