На 31 јануари во хотел Хилтон Скопје Меѓународната невладина организација Македонија 2025 организира панел-дискусија на тема „Жени-претприемачи

и канадски експерти: Менторство, развој и одржливост“. Со задоволство ја прифативме поканата од Џуниор Ачивмент да присуствувавме и  ние како ученички од нашето училиште под менторство на проф. м-р Весна Живаљевиќ.

Меѓу клучните говорници на панел-дискусијата учествуваа Кати Чаба – Амбасадор на Канада во Србија, Македонија и Црна Гора; Џенифер Лавуа – Советник на CESO SACO од Канада, како и претставнички на неколку реномирани женски организации од Македонија.

Долгорочната цел на проектот е зајакнување на женското претприемништво и родовата еднаквост во Македонија, преку зголемена самоодржливост и финансиска стабилност на засегнатите женски здруженија.

 Претставници од неколку женски здруженија во Македонија разменија искуства и впечатоци од соработката со назначените ментори од Канадската организација за извршни услуги - CESO | SACO, во рамки на проектот финансиран од Канадскиот фонд за локални иницијативи, поддржан од Амбасадата на Канада во Србија, Македонија и Црна Гора - Embassy of Canada to Serbia, Macedonia and Montenegro.