Во рамките на меѓународната конференција која е во организација на македонското и српското здружение за безбедност и здравје на работа, се одржа панел дискусија во која беше вклучен директорот на СУГС „Владо Тасевски“- Скопје Александар Сибиновски да ги пренесе искуствата и придобивките за учениците и наставниците од воспоставените и имплементирани мерки и облици на БЗР во нашето училиште.

1
2
3
4
1/4 
start stop bwd fwd

СУГС Владо Тасевски е посочен како редок пример во регионот што има набавено заштитни средства за учениците кои се користат во изведувањето на практична настава, спроведена е обука за БЗР за наставниците и учениците, направена е проценка на ризик, извршени се мерења на заштитно и громобранско заземјување, микроклиматски услови и осветлување во училниците и работните простории, всушност се што бара законот за БЗР.