Во рамки на проектот„Социјална кохезија,напредување на правата на Заедницата и подобрување на интеграцијата со фокус на образованието на младите“ поддржан од OSCE, Град Скопје и МОН во период од 16-19.10.2019 година заедно со  уште  70 други ученици  и 22 наставници од 25 средни училишта низ целата земја  нашите ученици од втора година :Теодора Седмакова, Тарик Тахири ,Марија Петровска и педагогот Александра Цветаноска учествуваа на обуката  "Обединети во Охрид".

72668792_2477581998996804_973307363857530880_o
72679173_446679855981058_752942375835271168_n
72734216_2230649377227250_769082489271484416_n
73045178_2477581722330165_9064052716090687488_o
73269265_770746276701226_4682149462338961408_n
74718042_2477860738968930_10145017695830016_o
1/6 
start stop bwd fwd

Цел на оваа обука беше да се развие критичко размислување и отпорност на негативни социјални појави меѓу младите.

Сесиите за учење се фокусираа на стереотипите и предрасудите; креативно размислување, медиумска писменост, човекови права, трговија со луѓе и решавање на конфликти.