Учениците од СУГС,,Владо Тасевски” од Скопје наградени со 3Д принтер

По повод одржувањето на работилниците за 3Д моделирање, анимација и 3Д принтање, кои беа одржани за време на викендите во изминатата учебна година, како и одржаниот меѓу-училишен натпревар, учениците од СУГС,,Владо Тасевски” од Скопје беа наградени со 3Д принтер.

Претходно одржаните едукативни 3Д работилници беа наменети за средношколците од Република Македонија, а истите имаа за цел подигнување на нивото на нивната едукација и знаење во областа на ИТ технологиите, поточно развој на анимацијата, 3Д дизајнот како и потребните алатки за креирање на видео игра.

Здружението на граѓани АИНОВУМ Скопје, како главен организатор и реализатор на овие работилници, во соработка со Град Скопје, како и со најбрзо растечката академија во Македонија М3ДС која е специјализирана за 3Д, а истата е меѓународно лиценцирана, ги едуцираа учениците во програмата , наменета за 3Д моделирање.

Надоврзувајќи се на тоа, подоцна оформени тимови од средните училишта се натпреваруваа во одржаниот меѓу-училишен натпревар за изработка на игри и краткометражни видеа, на кој им беше зададен предизвик, кој со примена на претходно стекнатите знаења требаа да го решат.
Од тимовите, најмногу се покажаа учесниците од СУГС,,Владо Тасевски”, за што се согласи стручниот тим од М3ДС, па тие беа прогласени за победници на овој натпревар и освоија 3Д принтер кој е наменет за нивното училиште.

Дополнително, по завршениот настан сите учесници добија меѓународно признат сертификат од Autodesk, за нивните стекнати основни знаења, а си заминаа и со едно ново искуство и нови стекнати вештини.Со одржувањето на ваков тип на настан се покажа дека гејминг и 3Д индустријата во Македонија е во подем и дека заинтересираноста за вакви настани е се’ поголема, а М3ДС Академијата за 3Д и гејм дизајн беше почестена да е дел од реализацијата на овој проект.