Search HP

Ученичка компанија

            На 10 мај 2019 година во трговскиот центар Веро – Џамбо беше организиран натпревар од Junior achievement на кој учествуваа 19 ученички компании од целата територија на земјата. Се натпреваруваа 100 средношколци со поддршка на 25 наставници од Скопје, Битола, Кавадарци, Кочани, Берово, Гевгелија, Куманово, Струга, Охрид и Прилеп, додека над 50-тина поканети гости го следеа натпреварот. Средношколците предводени од одговорниот наставник имаа можност да презентираат што сработиле во текот на учебната година на штандовите кои беа поставени во трговскиот центар, и секој на свој начин да ја убеди жири комисијата  со иновативноста на производот или услугата.

За време на свеченото одбележување на јубилејниот патронат на присутните гости тимот на Алтер ги промовираше термосите.

 

За освоеното прво место на државен натпревар од областа „Социјално претприемништво“

Тимот Алтер се подготвуваше за презентација на својот проект на останатите ученици од нашето училиштe.

На 4, 5, и 6 октомври во хотел Радика во Маврово беше одржана работилница за креативно размислување поддржана од Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, Фондот за иновации и технолошки развој и УНИЦЕФ.

Go to top
Template by JoomlaShine