За освоеното прво место на државен натпревар од областа „Социјално претприемништво“

 добивме покана од телевизија Телма и на 28 ноември 2018 година победничкиот тим АЛТЕР од нашето училиште се претстави во емисијата „Утринска на Телма“ . Учениците  ја образложија својата идеја  чија цел беше замена на пластичните шишиња со алуминиумски термоси на кои ќе стојат еколошки пораки како што се:

  • Заштити ја природата користи термос за водата
  • Дај пластичен кош не биди повеќе лош
  • Смени ја модата користи термос за водата
  • Наполни го термосот фул и биди кул.