На 4, 5, и 6 октомври во хотел Радика во Маврово беше одржана работилница за креативно размислување поддржана од Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, Фондот за иновации и технолошки развој и УНИЦЕФ.

На овој настан кој е дел од програмата АПШИФТ – учествуваше тим од тројца ученици од нашето  училиште и тоа Теодор Богоевски, Дамјан Станчевски и Филип Петровски од III-2 клас под менторство на проф. Весна Живаљевиќ.

Под мотото „Дај пластичен кош, не биди повеќе за природата лош“ ја презентираа својата идеја за замена на пластичните шишиња со алуминиумски термоси кои учениците ќе ги носат со себе и на овој начин ќе придонесеме кон поздрава животна средина.

Пет тима составени од млади на возраст од 13 до 19 години меѓу кои беше и нашето училиште добија по 120.000 денари за реализација на своето иновативно решение за општествен проблем што го идентификуваа самите.