На 10 мај 2019 година во трговскиот центар Веро – Џамбо беше организиран натпревар од Junior achievement на кој учествуваа 19 ученички компании од целата територија на земјата. Се натпреваруваа 100 средношколци со поддршка на 25 наставници од Скопје, Битола, Кавадарци, Кочани, Берово, Гевгелија, Куманово, Струга, Охрид и Прилеп, додека над 50-тина поканети гости го следеа натпреварот. Средношколците предводени од одговорниот наставник имаа можност да презентираат што сработиле во текот на учебната година на штандовите кои беа поставени во трговскиот центар, и секој на свој начин да ја убеди жири комисијата  со иновативноста на производот или услугата.

alter2
alter_jpg
alter2
alter_jpg
1/2 
start stop bwd fwd

Љупка Панчевска, извршен директор на Џуниор Ачивмент Македонија го нагласи задоволството од  големиот број пријавени ученички компании оваа година. На ова се надоврза министерот за образование и наука Арбер Адеми, според кој, овие програми за претприемничко образование ги подготвуваат младите луѓе за критичко размислување и самоиницијативност.

Нашето училиште СУГС „Владо Тасевски“ – Скопје се претстави со ученичката компанија на тимот „Алтер“ во која членуваат  Дамјан Станчевски, Филип Петровски, Теодор Богојевски, Маја Петреска и Ерика Асанова. Преку продажна промоција ја презентираа еколошката идеја за замена на пластичните шишиња со алуминиумски термоси со што  го освоија високото трето место на овој државен натпревар. На овој начин добија потврда дека се на добар пат за позитивно менување на навиките кај младите луѓе кои се повеќе се залагаат за здрава животна средина преку целосно отфрлање на пластиката.