ИЗВЕСТУВАЊЕ

Согласно препораките на Министерство за образование и наука за организирање на вонредни испити, испитните сесии во наредниот период ќе се одвиваат преку далечинско учење, односно учење од дома со примена на средствата за електронска комуникација, а без заедничко физичко присуство на учесниците и со взаемна двонасочна комуникација.

Наредната испитна сесија (мартовска) за која веќе се формирани и објавени комисиите ке се одржи од 25-30 мај 2020 година.

Испитите од априлската и мајската испитна сесија за вонредни ученици, кандидатите кои ке се пријават полагање ке може да ги полагаат во периодот од 08-15 јуни 2020 за априлска сесија и од 22-29 јуни 2020 за мајска сесија. За терминот на одржување на јунската сесија ке бидете информирани навремено.

Испитите за априлската и мајската сесија може да се пријават заклучно со 01 јуни 2020 (понеделник), со испраќање на сликана уплатница за полагање на испити на соодветен износ на телефонскиот број 078 319 162, и со наведување на предметите кои ќе се полагаат преку Viber апликација. Пријавените испити се уплаќаат на една уплатница за априлска и една уплатница за мајска сесија!

Ученците се должни да ги чуваат уплатниците и во прва прилика кога тоа условите ќе го овозможат да ги предадат во сметководство на училиштето.

За да може да се организира полагање на испити на ваков начин, секој ученик треба да има пристап до интернет преку компјутер и e-mail адреса за комуникација со наставниците.

Наставникот и ученикот пред испитите разменуваат информации преку e-mail комуникација.

Наставникот закажува термин за одржување на испитот кој мора да биде во рамките на горе наведените рокови и одлучува за временскиот рок во кој ученикот треба да одговори на зададените прашања, кој рок не треба да биде подолг од 24 часа.

Ученикот е должен во дадениот рок да одговори на зададените прашања, а доколку тоа не го стори тогаш се смета дека не го положил испитот.

Подоцна наставникот го известува ученикот и одговорниот за вонредно школување за постигнатите резултати. 

 

Скопје 13.05.2020