ИЗВЕСТУВАЊЕ

Наредната сесија за полагање на испити за вонредни ученици ке се одржи од 23 до 30 септември 2020 година. Испитите за истата може да се пријават од 01 до 09 септември.

Испитите се пријавуваат лично во училиштето со почитување на пропишаните мерки за заштита од корона вирус, а полагањето на испитите ке се одвива по електронски пат, како и минатите испитни сесии.

Вонредните ученици кои полагаа испити во изминатите сесии по електронски пат се должни при пријавување на испити за оваа сесија да ги поднесат уплатниците за испитите и останатите документи од минатите испитни сесии кои поради состојбата не можеше да бидат предадени.

Сите ученици кои ке пријават испит во наредната испитна сесија се должни на пријавата да напишат телефонски број и e-mail адреса која е во употреба поради воспоставување на комуникација ученик-наставник.

Испитните комисии и наставниците кои ке ги изведат испитите ке бидат објавени на веб страницата на училиштето во делот за вонредни ученици во периодот по 09 септември.