ИЗВЕСТУВАЊЕ

Согласно препораките на Министерство за образование и наука за организирање на вонредни испити, испитните сесии во наредниот период ќе се одвиваат преку далечинско учење, односно учење од дома со примена на средствата за електронска комуникација, а без заедничко физичко присуство на учесниците и со взаемна двонасочна комуникација.

Испитите од јунската испитна сесија за вонредни ученици, кандидатите кои ке се пријават полагање ке може да ги полагаат во периодот од 09-15 јули 2020 година.

Испитите за јунската испитна сесија може да се пријават заклучно со 06 јули 2020 (понеделник), со испраќање на сликана уплатница за полагање на испити на соодветен износ на телефонскиот број 078 319 162, и со наведување на предметите кои ќе се полагаат преку Viber апликација.

Ученците се должни да ги чуваат уплатниците и во прва прилика кога тоа условите ќе го овозможат да ги предадат во сметководство на училиштето.

За да може да се организира полагање на испити на ваков начин, секој ученик треба да има пристап до интернет преку компјутер и e-mail адреса за комуникација со наставниците.

Наставникот и ученикот пред испитите разменуваат информации преку e-mail комуникација.

Наставникот закажува термин за одржување на испитот кој мора да биде во рамките на горенаведените рокови и одлучува за временскиот рок во кој ученикот треба да одговори на зададените прашања.

Ученикот е должен во дадениот рок да одговори на зададените прашања, а доколку тоа не го стори тогаш се смета дека не го положил испитот.

Подоцна наставникот го известува ученикот и одговорниот за вонредно школување за постигнатите резултати. 

 

Скопје 18.06.2020 година