СУГС „Владо Тасевски“

Биди учен, биди стручен

СУГС „Владо Тасевски“ - Скопје
Посета на станица за технички преглед PDF Печати Е-пошта

На 8.10.2018 и 10.10.2018 учениците од IV-1 и IV-2 паралелка со професорите Катерина Стојческа и Зоран Ѓорѓиевски извршија посета на ПСС станица за технички преглед.

 
Посета Тирана Албанија 6 и 7 септември PDF Печати Е-пошта

Како дел од одличната соработка со средното училиште Херман Гмеинер , на покана на директорката на ова училиште Дита Џони, остваривме  работна посета на Тирана.

За време на посетата на 6 и 7 септември покрај разговорите за нова иницијатива во рамки на новоформираната  мрежа за средни технички училишта воспоставена токму на иницијатива на СУГС Владо Тасевски а прифатена од повеќе училишта во регионот Директорката Глигорова заедно со претставници од грчката фондација Развоен Центар АКЕТ на Трикала која е координатор на овој проект остварија и средба со Силва директор за средни училишта при Министерството за финасии на Албанија одговорна за средното техничко образование и проекти.
Таа високо ги оцени досегашните активности и особено се заблагодари на СУГС Владо Тасевски и Директорката Глигорова која со својот тим успеала да направи координативна мрежа надвор од дневно политичките случувања во овој дел на Балканот. особено беше интересот за организирање на втора конференција кон крајот на оваа година која според грчките колеги се очекува да биде во Грција, а третата во Тирана.
На средбата се истакна и мултиетничкиот карактер на СУГС Владо Тасевски и особениот интерес за развој и соработка со средното училиште од Тирана кое воедно е и водечко во својата област која наполно е идентична со онаа на СУГС Владо Тасевски. 
Се очекува на покана на грчките партнери во текот на месец септември и октомври да има интензивна соработка и посети во регионот се со цел промоција на мрежата и градење на идеи за аплицирање во програмите на ЕУ наменети за образование и пракса.

 
Добредојдовте првачиња ... PDF Печати Е-пошта

Драги ученици, Ви посакуваме добредојде и сакаме во училиштето да се чувствувате пријатно, да ги прифатите и почитувате правилата што важат во овој дом и Вашите наставници и заеднички да испишеме уште една приказна од „Владо Тасевски“, во дневникот на сеќавањата заведена под деловоден број 2018-2022.
Ви посакуваме среќна и успешна учебна година.


 
Нашето училиште посетено професори истакнати и на меѓународен план PDF Печати Е-пошта

На ден 21.08.2018 (вторник) во училиштето СУГС „Владо Тасевски“ имавме одлична можност да бидеме домаќини на двајца извонредни гости кои своите професионални искуства ги имаат одамна потврдено и на меѓународен план.
Професорот Зоран Јаневски кој е директор на Економскиот институт при УКИМ во Скопје, и проф. Катерина Белазелковска поранешна директорка на СУГС "Владо Тасевски" а сега проектен менаџер на Рајерсон Универзитетот во Канада.
И двајцата ги пренесоа своите искуства особено во работата со младите и нивната потреба да се развијат во претприемачи како и целосно профилизирани кадри, и се отворија повеќе дискуии и теми каде можат овие инситуции да придонесат во едукацијата на нашите ученици во СУГС "Владо Тасевски .

Директорката Глигорова повтори дека овие неколку години СУГС„ Владо Тасевски“ со својот колектив несебично се труди да го развие својот опус на пријатели и соработници кои доаѓаат од реалниот сектор но и од особено почитуваните различни високо образовни институции со цел изнаоѓање на идеи и концепти кои ќе помогнат во развојот на кадрите во ова училиште.
Особено се потенцираше иновативноста и степенот на високо познавање на разни техники на работа во електро и механичката струка но и во информатиката.
Двајцата гости дадоа силна поддршка во напорите за профилирање на повеќе различни вештини кај младите од оваа училиште.

 
Свечено доделување на дипломи PDF Печати Е-пошта

 
Поравни испити за ученици од завршна годинап PDF Печати

С О О П Ш Т Е Н И Е

Им се соопштува на учениците од завршните години за учебната 2017/2018 година, дека пријавувањето на поправни испити е на 6.08.2018 ( понеделник ) од 8 : 00 до 12: 00 часот. Учениците кои нема да ги пријават испитите во дадениот термин НЕ ќе може да ги полагаат во август.

Поправните испити од сите струки (електротехничка, сообраќајна и машинска) ќе се полагаат на ден 8. 08.2018 ( среда ) со почеток во 9:00 часот.

 

Изработил: Мартина Трајковска, дефектолог

Контролирал: Виолета Николовска , пом. Директор

Директор:

М- р Билјана Глигорова

 


Страница 1 од 25

Техничар за транспорт и шпедиција

Електроника и телекомуникации

Машиновозач

Банер
loader

Моментално посетители

Има 16 гости присутни

Информатика

Активности

Презентација на училиштето

Парада на матуранти 2017

И учен и стручен

Банер

Огласи за вработување

Банер
You are here  :
Joomla extensions by Siteground Hosting