СУГС „Владо Тасевски“

Биди учен, биди стручен

СУГС „Владо Тасевски“ - Скопје
„ЕУ за ТЕБЕ“ PDF Печати Е-пошта

Нашето училиште беше дел од доделувањето благодарници од евроамбасадорот Самуел Жбогар на учениците и директорите од неколку скопски средни училишта кои учествуваа во новогодишната програма на „ЕУ за ТЕБЕ“ во Винтерленд.


 
Учениците од СУГС,,Владо Тасевски” од Скопје наградени со 3Д принтер PDF Печати Е-пошта

По повод одржувањето на работилниците за 3Д моделирање, анимација и 3Д принтање, кои беа одржани за време на викендите во изминатата учебна година, како и одржаниот меѓу-училишен натпреваручениците од СУГС,,Владо Тасевски” од Скопје беа наградени со 3Д принтер.

Претходно одржаните едукативни 3Д работилници беа наменети за средношколците од Република Македонија, а истите имаа за цел подигнување на нивото на нивната едукација и знаење во областа на ИТ технологиите, поточно развој на анимацијата, 3Д дизајнот како и потребните алатки за креирање на видео игра.

Здружението на граѓани АИНОВУМ Скопје, како главен организатор и реализатор на овие работилници, во соработка со Град Скопје, како и со најбрзо растечката академија во Македонија М3ДС која е специјализирана за 3Д, а истата е меѓународно лиценцирана, ги едуцираа учениците во програмата , наменета за 3Д моделирање.

Повеќе...
 
Trash Fashion PDF Печати Е-пошта

1. Учество на Треш фешн  03.06,2018 год

Учесници :

Ученичките Елена Стојановска, Елена Антовска и  Радица Момировска-4-2

Ментор Елена Лентиќ

2. Учество на проектот на Град Скопјеи и Мрежа ИДЕМ "Нови Генерации - ЗЕЛЕНА ИДНИНА"

Во реализацијата на активностите за проектот "Нови Генерации - ЗЕЛЕНА ИДНИНА" во СУГС "Владо Тасевски" беа вклучени вкупно 63 ученика ,2 наставника и педагогот на училиштето.Активностите се изведуваа во два дела. Имено на 18.09.2018 год се организираше работилница на тема "Животна средина". Во работилницата беа вклучени 33 ученика од втора година. Во текот на истата,откако ги пронајдоа понудените одговори на поставените прашања, учениците меѓусебно разговараа, поставуваа прашања на тема Екологија и разменуваа свои  искуства.

На учениците од четврта година , вкупно 30,на 17.09.2018 год им беа поделени анкетни листови со пет области, За околината, За што сакам да учам, Моето училишно искуство, Моите компетенции и вештини и Што би било важно да научам.

Фото сторијата ја изработи ученикот Виктор Стефановски од 2-6.

 
Посета на станица за технички преглед PDF Печати Е-пошта

На 8.10.2018 и 10.10.2018 учениците од IV-1 и IV-2 паралелка со професорите Катерина Стојческа и Зоран Ѓорѓиевски извршија посета на ПСС станица за технички преглед.

 
Посета Тирана Албанија 6 и 7 септември PDF Печати Е-пошта

Како дел од одличната соработка со средното училиште Херман Гмеинер , на покана на директорката на ова училиште Дита Џони, остваривме  работна посета на Тирана.

За време на посетата на 6 и 7 септември покрај разговорите за нова иницијатива во рамки на новоформираната  мрежа за средни технички училишта воспоставена токму на иницијатива на СУГС Владо Тасевски а прифатена од повеќе училишта во регионот Директорката Глигорова заедно со претставници од грчката фондација Развоен Центар АКЕТ на Трикала која е координатор на овој проект остварија и средба со Силва директор за средни училишта при Министерството за финасии на Албанија одговорна за средното техничко образование и проекти.
Таа високо ги оцени досегашните активности и особено се заблагодари на СУГС Владо Тасевски и Директорката Глигорова која со својот тим успеала да направи координативна мрежа надвор од дневно политичките случувања во овој дел на Балканот. особено беше интересот за организирање на втора конференција кон крајот на оваа година која според грчките колеги се очекува да биде во Грција, а третата во Тирана.
На средбата се истакна и мултиетничкиот карактер на СУГС Владо Тасевски и особениот интерес за развој и соработка со средното училиште од Тирана кое воедно е и водечко во својата област која наполно е идентична со онаа на СУГС Владо Тасевски. 
Се очекува на покана на грчките партнери во текот на месец септември и октомври да има интензивна соработка и посети во регионот се со цел промоција на мрежата и градење на идеи за аплицирање во програмите на ЕУ наменети за образование и пракса.

 
Добредојдовте првачиња ... PDF Печати Е-пошта

Драги ученици, Ви посакуваме добредојде и сакаме во училиштето да се чувствувате пријатно, да ги прифатите и почитувате правилата што важат во овој дом и Вашите наставници и заеднички да испишеме уште една приказна од „Владо Тасевски“, во дневникот на сеќавањата заведена под деловоден број 2018-2022.
Ви посакуваме среќна и успешна учебна година.


 


Страница 1 од 26
Банер
loader

Моментално посетители

Има 44 гости присутни

You are here  :
Joomla extensions by Siteground Hosting