СУГС „Владо Тасевски“

Биди учен, биди стручен

Екологија
Trash Fashion

1. Учество на Треш фешн  03.06,2018 год

Учесници :

Ученичките Елена Стојановска, Елена Антовска и  Радица Момировска-4-2

Ментор Елена Лентиќ

2. Учество на проектот на Град Скопјеи и Мрежа ИДЕМ "Нови Генерации - ЗЕЛЕНА ИДНИНА"

Во реализацијата на активностите за проектот "Нови Генерации - ЗЕЛЕНА ИДНИНА" во СУГС "Владо Тасевски" беа вклучени вкупно 63 ученика ,2 наставника и педагогот на училиштето.Активностите се изведуваа во два дела. Имено на 18.09.2018 год се организираше работилница на тема "Животна средина". Во работилницата беа вклучени 33 ученика од втора година. Во текот на истата,откако ги пронајдоа понудените одговори на поставените прашања, учениците меѓусебно разговараа, поставуваа прашања на тема Екологија и разменуваа свои  искуства.

На учениците од четврта година , вкупно 30,на 17.09.2018 год им беа поделени анкетни листови со пет области, За околината, За што сакам да учам, Моето училишно искуство, Моите компетенции и вештини и Што би било важно да научам.

Фото сторијата ја изработи ученикот Виктор Стефановски од 2-6.

 
Новиот изглед на дворот на СУГС „Владо Тасевски“-Скопје

 
Недела на едукација за климатски промени во СУГС Владо Тасевски Скопјe
  • Го проверивме знаењето од областа на енергетиката и заштедата на енергија

  • Ги проследивме  филмот  за активностите кои ги превземаат учениците од Санта Моника

  • Научивме за тоа како од цилиндер мраз може да научиме за климатските промени

  • Ги окопавме и наводнивме сите садници во училишниот двор

Во активностите учествуваа 70 ученици од 2-10, 2-8 и 1-5 .

 
Денот на пролетта-21 Март 2017год

СУГС Владо Тасевски-Скопје низ слики за денот на пролетта-21 Март 2017год.

 
Ден на дрвото

На 30 ноември 2016 година во склоп на акцијата Ден на дрвото- засади ја својата иднина 50 ученици од нашето училиште со училишниот социолог Зоран Ефремов и наставниците Елена Лентиќ и Александар Сибиновски на падините на скопска Црна Гора во околината на населеното место Брњарци засадија 100 листопадни садници.

 


Страница 1 од 3
loader

Информатика

И учен и стручен

Банер

Огласи за вработување

Банер
You are here  : Почетна Еко-Училиште