СУГС „Владо Тасевски“

Биди учен, биди стручен

Натпревари, обуки, семинари
„ЕУ за ТЕБЕ“

Нашето училиште беше дел од доделувањето благодарници од евроамбасадорот Самуел Жбогар на учениците и директорите од неколку скопски средни училишта кои учествуваа во новогодишната програма на „ЕУ за ТЕБЕ“ во Винтерленд.


 
Учениците од СУГС,,Владо Тасевски” од Скопје наградени со 3Д принтер

По повод одржувањето на работилниците за 3Д моделирање, анимација и 3Д принтање, кои беа одржани за време на викендите во изминатата учебна година, како и одржаниот меѓу-училишен натпреваручениците од СУГС,,Владо Тасевски” од Скопје беа наградени со 3Д принтер.

Претходно одржаните едукативни 3Д работилници беа наменети за средношколците од Република Македонија, а истите имаа за цел подигнување на нивото на нивната едукација и знаење во областа на ИТ технологиите, поточно развој на анимацијата, 3Д дизајнот како и потребните алатки за креирање на видео игра.

Здружението на граѓани АИНОВУМ Скопје, како главен организатор и реализатор на овие работилници, во соработка со Град Скопје, како и со најбрзо растечката академија во Македонија М3ДС која е специјализирана за 3Д, а истата е меѓународно лиценцирана, ги едуцираа учениците во програмата , наменета за 3Д моделирање.

Повеќе...
 
Посета на станица за технички преглед

На 8.10.2018 и 10.10.2018 учениците од IV-1 и IV-2 паралелка со професорите Катерина Стојческа и Зоран Ѓорѓиевски извршија посета на ПСС станица за технички преглед.

 
Посета Тирана Албанија 6 и 7 септември

Како дел од одличната соработка со средното училиште Херман Гмеинер , на покана на директорката на ова училиште Дита Џони, остваривме  работна посета на Тирана.

За време на посетата на 6 и 7 септември покрај разговорите за нова иницијатива во рамки на новоформираната  мрежа за средни технички училишта воспоставена токму на иницијатива на СУГС Владо Тасевски а прифатена од повеќе училишта во регионот Директорката Глигорова заедно со претставници од грчката фондација Развоен Центар АКЕТ на Трикала која е координатор на овој проект остварија и средба со Силва директор за средни училишта при Министерството за финасии на Албанија одговорна за средното техничко образование и проекти.
Таа високо ги оцени досегашните активности и особено се заблагодари на СУГС Владо Тасевски и Директорката Глигорова која со својот тим успеала да направи координативна мрежа надвор од дневно политичките случувања во овој дел на Балканот. особено беше интересот за организирање на втора конференција кон крајот на оваа година која според грчките колеги се очекува да биде во Грција, а третата во Тирана.
На средбата се истакна и мултиетничкиот карактер на СУГС Владо Тасевски и особениот интерес за развој и соработка со средното училиште од Тирана кое воедно е и водечко во својата област која наполно е идентична со онаа на СУГС Владо Тасевски. 
Се очекува на покана на грчките партнери во текот на месец септември и октомври да има интензивна соработка и посети во регионот се со цел промоција на мрежата и градење на идеи за аплицирање во програмите на ЕУ наменети за образование и пракса.

 
Нашето училиште посетено професори истакнати и на меѓународен план

На ден 21.08.2018 (вторник) во училиштето СУГС „Владо Тасевски“ имавме одлична можност да бидеме домаќини на двајца извонредни гости кои своите професионални искуства ги имаат одамна потврдено и на меѓународен план.
Професорот Зоран Јаневски кој е директор на Економскиот институт при УКИМ во Скопје, и проф. Катерина Белазелковска поранешна директорка на СУГС "Владо Тасевски" а сега проектен менаџер на Рајерсон Универзитетот во Канада.
И двајцата ги пренесоа своите искуства особено во работата со младите и нивната потреба да се развијат во претприемачи како и целосно профилизирани кадри, и се отворија повеќе дискуии и теми каде можат овие инситуции да придонесат во едукацијата на нашите ученици во СУГС "Владо Тасевски .

Директорката Глигорова повтори дека овие неколку години СУГС„ Владо Тасевски“ со својот колектив несебично се труди да го развие својот опус на пријатели и соработници кои доаѓаат од реалниот сектор но и од особено почитуваните различни високо образовни институции со цел изнаоѓање на идеи и концепти кои ќе помогнат во развојот на кадрите во ова училиште.
Особено се потенцираше иновативноста и степенот на високо познавање на разни техники на работа во електро и механичката струка но и во информатиката.
Двајцата гости дадоа силна поддршка во напорите за профилирање на повеќе различни вештини кај младите од оваа училиште.

 


Страница 1 од 11
loader

Информатика

И учен и стручен

Банер

Огласи за вработување

Банер
You are here  : Почетна