СУГС „Владо Тасевски“

Биди учен, биди стручен

Посета Тирана Албанија 6 и 7 септември

Како дел од одличната соработка со средното училиште Херман Гмеинер , на покана на директорката на ова училиште Дита Џони, остваривме  работна посета на Тирана.

За време на посетата на 6 и 7 септември покрај разговорите за нова иницијатива во рамки на новоформираната  мрежа за средни технички училишта воспоставена токму на иницијатива на СУГС Владо Тасевски а прифатена од повеќе училишта во регионот Директорката Глигорова заедно со претставници од грчката фондација Развоен Центар АКЕТ на Трикала која е координатор на овој проект остварија и средба со Силва директор за средни училишта при Министерството за финасии на Албанија одговорна за средното техничко образование и проекти.
Таа високо ги оцени досегашните активности и особено се заблагодари на СУГС Владо Тасевски и Директорката Глигорова која со својот тим успеала да направи координативна мрежа надвор од дневно политичките случувања во овој дел на Балканот. особено беше интересот за организирање на втора конференција кон крајот на оваа година која според грчките колеги се очекува да биде во Грција, а третата во Тирана.
На средбата се истакна и мултиетничкиот карактер на СУГС Владо Тасевски и особениот интерес за развој и соработка со средното училиште од Тирана кое воедно е и водечко во својата област која наполно е идентична со онаа на СУГС Владо Тасевски. 
Се очекува на покана на грчките партнери во текот на месец септември и октомври да има интензивна соработка и посети во регионот се со цел промоција на мрежата и градење на идеи за аплицирање во програмите на ЕУ наменети за образование и пракса.

 
loader

Информатика

И учен и стручен

Банер

Огласи за вработување

Банер
You are here  : Почетна Активности Посети