СУГС „Владо Тасевски“

Биди учен, биди стручен

За СУГС „Владо Тасевски“
Завршни сметки за 2018 година PDF Печати Е-пошта
Напишано од Administrator   
Вторник, 13 Март 2018 18:50

Завршни сметки


Во согласност со член 3 од Законот за изменување и дополнување за законот за сметководство


за буџетите и буџетските корисници службен весник бр.170 од 27.11.2017година ги објавуваме завршните сметки за 2018година.

 

Завршна сметка 603 за 2018 година

BPR_603

SPD_603

DE_603

BS_603

Завршна сметка 787 за 2018 година

BPR_787

SPD_787

DE_787

BS_787

Завршна сметка 903 за 2018 година

BPR_903

SPD_903

DE_903

BS_903

Последно освежено на Вторник, 13 Март 2018 19:08
 
Завршни сметки 2016 PDF Печати Е-пошта
Напишано од Administrator   
Понеделник, 18 Декември 2017 21:49

Завршни сметки


Во согласност со член 3 од Законот за изменување и дополнување за законот за сметководство


за буџетите и буџетските корисници службен весник бр.170 од 27.11.2017година ги објавуваме завршните сметки за 2016година.

 

Завршна сметка 603 за 2016 година тука

Завршна сметка 787 за 2016 година тука

Завршна сметка 903 за 2016 година тука

 

Последно освежено на Вторник, 13 Март 2018 18:50
 
Финансиски ресурси PDF Печати
За СУГС „Владо Тасевски“

Финансиските планови се изработуваат врз основа на претходен договор на службата за сметководство со раководниот кадар. Раководниот кадар ги согледува потребите на стручните активи и краткорочните и долгорочните планови за работа на училиштето.

Во согласност со законските прописи, службата за сметководство изготвува годишен финансов план, кој оди на одобрување во Советот на Град Скопје, со претходна одлука на Училишниот одбор. Во Годишниот финансов план се опфатени потребите за наставни средства, материјали и опрема за двете училишни локации подеднакво. Потоа се изработува квартален финансов план, кој исто така оди на одобрување во Советот на Град Скопје. Следува изработка на месечен финансов план, кој откако ќе биде одобрен во Советот на Град Скопје, Советот го препраќа во Министерството за финансии.

На крајот на календарската година завршната сметка треба да биде одобрена од Училишниот одбор, а потоа се доставува до Министерството за образование и наука, Централниот регистар, Државниот завод за ревизија и Управата за јавни приходи.

Финансиските средства во училиштето се добиваат од Министерството за образование и наука, локалната самоуправа (Град Скопје), вонредните ученици, постсредното образование, од издавањето под наем на спортската сала и просторот за сендвичарница, реализирањето на модуларната обука за невработени лица од АВРМ.

Информациите во врска со училишниот буџет се достапни и за родителите, преку Советот на родителите.

 

 
Материјални ресурси PDF Печати
За СУГС „Владо Тасевски“

Во овој момент, училиштето располага со неопходната софистицирана опрема за изведување теоретска и практична настава.

Целата опрема на училиштето е во функција на наставниот процес, со што е воспоставена поврзаност меѓу теоретската и практичната настава. Опременоста на училиштето и пристапот до Интернет овозможуваат да се реализираат квалитетни проектни активности во сите струки.

Училиштето располага со: 209 персонални компјутери, 840 монитори, 2 скенера, 15 принтери, 4 фотокопири, 50 персонални компјутери, 85 лап-топ компјутери, 4 PLC, 4 електронски волтметри, 4 функциски генератори, 18 графоскопи, 2 епископа, 3 телевизори, 2 слајд-проектори, 7 LCD-проектори, 8 CD аудиосистеми, 1 видеокамера, 1 дигитален фотоапарат, 1 осцилоскоп, 12 испитни стола, машина за спирално вкоричување, апарат со контејнерче за сечење хартија, 2 комплетно опремени машински работилници, 3 апарати за заварување, 4 кабинети-лаборатории за практична настава во електротехничка струка, макета за автоматско регулирање и водење на железничкиот сообраќај. Училиштето располага и со училишна библиотека која има над 7.000 книги.

Што се однесува до општата опрема, може да се каже дека е на задоволително ниво, но тоа не може да се каже и за дидактичката опрема, на која ѝ недостигаат разни помагала за изведување на самата настава.

Училиштето ќе продолжи да вложува во осовременување на наставата и збогатување со нагледни наставни средства и помагала.

 

 
Кодекс за ученици PDF Печати
За СУГС „Владо Тасевски“

  • Учениците се должни да доаѓаат во училиштето во пристојна облека и фризура, чисти и со потребен прибор за работа на часот;
  • Учениците за време на наставата да не носат со себе вредни предмети (накит, поголема сума на пари) бидејки за губењето на истите училиштето не сноси одговорност;
  • Најстрого се забранува носење на вклучен мобилен телефон за време на престојот во училиштето. Истите ќе бидат одземени и вратени по завршувањето на наставната година, 10 јуни;
  • Учениците своите наставници треба да ги чекаат во училниците на своите места, а не пред вратата или во ходниците;
  • Ученикот не смее без одобрение да го напушти часот и да се задржува во санитарните простории и по ходниците;
  • Учениците се должни да се однесуваат пристојно и со почит кон наставно-воспитниот, административниот и помошниот персонал во училиштето;
  • Во негување на угледот и достоинството на ликот на ученикот училиштето, ученикот е должен да се грижи и придонесува за градење и развивање на позитивни и коректни односи со своите соученици;
  • Најстрого се забранува внесување на алкохол, цигари и дрога како и нивно користење во просториите на училиштето;
  • За време на часовите учениците кои немаат настава може да бидат во библиотеката, дворот но не и во ходниците;
  • На учениците не им е дозволено влегување во наставничката канцеларија без дозвола на наставник;
  • Учениците се должни да го чуваат редот, дисциплината и хигиената во училницата, училиштето и надвор од него;
  • Се забранува фрлање отпадоци во работните простории, по ходниците и дворот на училиштето, истите треба да се фрлаат во корпи за отпадоци;
  • Учениците треба да го чуваат училишниот инвентар и наставно-нагледните сретства;
  • Учениците треба да го чуваат и да не го уништуваат зеленилото во училишниот двор и во ходниците;
  • Ученикот ке ја надомести секоја направена штета во училиштето и покрај тоа за него ќе се примени педагошка, дисциплинска мерка. Доколку сторителот не се открие, штетата ќе ја надоместат сите ученици во паралелката;
  • По завршувањето на последниот час учениците излегуваат од училница во присуство на наставникот кој излегува по нив заедно со дежурните ученици, со претходен увид на состојбата на инвентарот и ѕидовите на училницата;
  • Навремено известување за настанатите промени (адреса, телефон, боледување, изостанување од настава и слични промени);
  • Секој ученик во смената ќе биде задолжен со соодветната компјутерска опрема за која ќе понесе одговорност и доколку намерно направи штета сам ќе ги сноси трошоците.

 

 

 

 

 


Страница 1 од 2
Банер
loader

Моментално посетители

Има 23 гости присутни

You are here  : Почетна