Училишната комисија за запишување на редовни ученици во прва година во Средното училиште на Град Скопје „Владо Тасевски“ – Скопје во учебната 2019/2020 година, донесе:

 

ИНТЕРЕН ОГЛАС ЗА УПИС НА УЧЕНИЦИ ВО УЧЕБНАТА 2019/2020 ГОДИНА ВО СУГС „ВЛАДО ТАСЕВСКИ“-СКОПЈЕ 

 

Во прва година ќе се запишат 510 ученици во 15 паралелки (374 ученици во 11 паралелки со настава на македонски јазик и 136 ученици во 4 паралелки со настава на албански јазик) според наставните планови и програми за:

Сообраќајна струка - 170 ученици, 5 паралелки

- техничар за транспорт и шпедиција

мак

68 уч.

2 пар.

4 г.тр.

60 минимум поени

- техничар за транспорт и шпедиција

алб

68 уч.

2 пар.

4 г.тр.

60 минимум поени

- техничар за железнички сообраќај

мак

34 уч.

1 пар.

4 г.тр.

50 минимум поени

 

Електротехничка струка - 238 ученици, 7 паралелки

- електротехничар за електроника и телекомуникации

мак

136 уч.

4 пар.

4 г.тр.

50 минимум поени

- електротехничар за електроника и телекомуникации

алб

68 уч.

2 пар.

4 г.тр.

50 минимум поени

- електромеханичар

мак

34 уч.

1 пар.

3 г.тр.

30 минимум поени


М
ашинска струка - 102 ученици, 3 паралелки

- машинско - енергетски техничар

мак

  68 уч.

2 пар.

4 г.тр.

45 минимум поени

- инсталатер за греење и климатизација

 

мак

 

  34 уч.

 

1 пар.

 

3 г.тр.

 

30 минимун поени

 I. УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ

Запишувањето на  учениците  во  јавните средни училишта  (во  натамошниот текст: училишта) во учебната 2019/2020 година ќе се врши под услови и на начин утврдени со Законот за средното образование, Законот за стручно образование и обука, Законот за спортската академија и со овој Конкурс.

Бесплатен превоз или сместување на учениците кои ќе се запишат во прва година во јавните средни училишта, нема да биде обезбеден ако избраниот вид на образование (струка) го има во општината, односно регионот. Наставата се изведува на македонски јазик и кирилско писмо.

За припадниците на заедниците кои следат настава на јазик различен од македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, наставата во јавните средни училишта се изведува на јазикот и писмото на соодветната заедница.

Условите за запишување на учениците се:

-  да имаат завршено основно образование;

-  да не се постари од 17 години;

-  да се определиле за план и програма за еден од следните видови образование:

        а) гимназиско образование;

        б) стручно образование и обука;

        в) средно уметничко образование;

        г) средно образование за ученици со посебни образовни потреби;

 -   да ги исполнуваат критериумите утврдени со овој Конкурс.

Учениците од ромската етничка заедница можат да се запишат во одредено јавно средно училиште ако имаат до 10% помалку поени од бројот на поените предвидени согласно Конкурсот за соодветните наставни планови и програми и ако ги задоволуваат дополнителните критериуми за испит на знаење и вештини во соодветното училиште.

II.ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

При пријавувањето, учениците треба да ги поднесат следните документи:

-     пријава  за  запишување  (пријавата  за  запишување  ученикот  ја  подигнува  од училиштето во кое ученикот сака да се запише и истата е бесплатна);

-    оригинални свидетелства од VI до IX одделение;

-     дипломи, (доколку имаат) од освоени (I,   II   и III)   места од меѓународни и државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје;

-    извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).

III. КОНКУРСНИ РОКОВИ

Пријавувањето и запишувањето на учениците се врши во еден уписен рок со три пријавувања, две пријавувања во месец јуни и едно пријавување во месец јули.

Првото пријавување и запишување на учениците се врши на 17 и 18 јуни 2019 година, а ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 19 јуни 2019 година.

Квалификационото тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 21 јуни 2019 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на  21 јуни 2019 година.  Проверката  на знаењата  на  учениците  од заедниците  ќе  се реализира на јазикот на кој што ученикот ја следел наставата во основното училиште.

По објавување на ранг листите со резултатите од запишувањето, учениците кои не се запишани во училиштето, задолжително ја подигнуваат целокупната доставена документација поднесена во училиштето во рок од 48 часа, а училиштата имаат обврска да ја вратат целокупната документација на учениците во рок од 48 часа.

Второто пријавување  и запишување на  учениците  ќе  се  врши на  24 и 25 јуни 2019 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 26 јуни 2019 година.

Третото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 1 јули 2019 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 2 јули 2019 година.

Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо   напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после јунскиот рок, на 26 август 2019 година за што доставуваат доказна документација.

IV. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

Критериуми за избор на учениците се:

−  среден успех на ученикот од VI до IX одделение;

−  среден  успех  на  ученикот  постигнат  по  четири  предмети  (мајчин  јазик, странски јазик и два предмети што се од значење за струката);

−  дипломи за освоени (I,   II   и III)   места од меѓународни натпревари, како и државни натпревари (организирани од акредитирани здруженија од Министерство за образование и наука) по мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје;

−  средна вредност од поени добиени за поведение.

Во училиштата каде што се пријавуваат поголем број ученици од планираниот број со еднаков број поени, ќе се организира квалификационо тестирање од предметите значајни за струката.

 

За средниот успех од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 50 поени (општиот успех од шесто, седмо, осмо и деветто одделение се собира, се дели на четири и истиот број се множи со коефициент 10).

За средниот успех постигнат од четирите предложени наставни предмети (два наставни предмети задолжително за сите видови образование и два предмети што се значајни за струката), ученикот може да добие најмногу 20 поени (5 поени за секој предмет).

За освоено место од меѓународни и државни натпревари ученикот може да добие најмногу 5 поени. (За освоено место од меѓународни натпревари 5 поени, за освоено место од државни натпревари: 3 поени за I место, 2 поени за II место и 1 поен за III место). На ученикот му се вреднува само една диплома која носи најмногу поени.

За средна вредност од поените за поведение од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 5 поени. (Примерно поведение се вреднува со 5 поени, добро поведение се вреднува со 3 поени и незадоволително поведение се вреднува со 0 поени. Средната вредност е збир од поените за поведението од шесто, седмо, осмо и деветто одделение поделен со 4).

Ученикот по сите критериуми утврдени со овој конкурс може да добие најмногу 80 поени.

Утврдениот број минимум поени за првото пријавување, се составен дел на овој Конкурс.

Училиштата по првото пријавување, можат да го намалат утврдениот број на минимум поени дадени во Конкурсот најмногу до 10 поени, освен за гимназиско образование, економско – правна и трговска струка и здравствена струка.

Училиштата се должни со интерен оглас за второто пријавување, односно третото пријавување да го истакнат утврдениот минимум поени со кои е можно учениците да конкурираат за запишување во определен план и програма. Објавувањето на минимумот поени треба да се изврши на 21 јуни 2019 година за второто пријавување, односно на 28 јуни 2019 година за третото пријавување.

За учениците кои завршиле деветто одделение во Република Северна Македонија, а едно, две или три одделенија (VI, VII или VIII одделение) завршиле во странство, за тие одделенија се зема успехот од деветто одделение и важат истите критериуми за избор на ученици дадени погоре.

 V. ОБЈАВУВАЊЕ НА ИНТЕРНИ ОГЛАСИ

Јавните средни училишта интерните огласи ги објавуваат на јавно место во училиштето најдоцна до 19 април 2019 година, во рамките на вкупниот број на ученици и паралелки утврдени со овој Конкурс.

Изготвил

секретар

Светлана Анева

 

Скопје,2019 година 

                                          УЧИЛИШНА КОМИСИЈА ЗА ЗАПИШУВАЊЕ РЕДОВНИ УЧЕНИЦИ

                                        ВО ПРВА ГОДИНА ВО УЧЕБНАТА 2019/2020 ГОДИНА,

                                        ПРЕТСЕДАТЕЛ,

                                    Александар Сибиновски

 

                                       __________________________