Иницијативата на Стопанска комора на Северна Македонија Economic Chamber of North Macedonia ја прифативме и веќе ја реализираме. Компанија  KAZ Group препозна во нас партнер за соработка во доменот на образованието. Потпишавме меморандум за соработка од кој ќе произлезе дуална паралелка во секторот машинство, односно профилот "инсталатер за греење и климатизација" - тригодишно образование. Покрај дуалната паралелка, можност да ја изведуваат практичната работа во реални работни услови во оваа компанија ќе имаат сите класови од машинската струка во СУГС "Владо Тасевски"-ПТТ.