Испитни сесии
Согласно новиот правилник за вонредни ученици, бројот на испитни сесии се зголемува и наместо една испитна сесија на два месеци, во иднина испитни сесии ќе има секој месец освен во јули, септември и јануари.
Следната испитна сесија за вонредните ученици е закажана за 29 март 2019 година (петок). Испитите почнуваат во 11и30ч.
Испитите може да се пријават заклучно со 11 март 2019 година (понеделник). По завршување на овој рок пријави нема да се примаат. Неточно, нечитко, делумно потполнети и пријави без соодветна уплатница за испит нема да се примаат.
Вонредните ученици сите информации околу испитите ќе можат да ги најдат на огласната табла на училиштето и на www.sugsvladotasevski.edu.mk
Испитните комисии за секоја сесија за секој кандидат ке бидат објавени на огласната табла и на интернет страницата на училиштето, една недела пред започнувањето на испитите, согласно правилникот за вонредни ученици, за евентуални консултации на учениците со менторите.
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ВОНРЕДНИ УЧЕНИЦИ
Поради Велигденските и Првомајските празници, априлската испитна сесија ке се одржи од 10 мај 2019 година.
Испитите почнуваат во 11и30ч.
Испитите може да се пријават заклучно со 10 април 2019година (среда). По завршување на овој рок пријави нема да се примаат. Неточно, нечитко, делумно потполнети и пријави без соодветна уплатница за испит нема да се примаат.
Вонредните ученици сите информации околу испитите можат да ги најдат на огласната табла на училиштето и на www.sugsvladotasevski.edu.mk
Испитните комисии за секоја сесија за секој кандидат ке бидат објавени на огласната табла и на интернет страницата на училиштето, една недела пред започнувањето на испитите, согласно правилникот за вонредни ученици, за евентуалниконсултации на учениците со менторите.
Воедно ве исвестуваме дека рокот за пријавување на испити за мајската испитна сесија за вонредни ученици е 10 мај 2019 (петок), а истата ке се одржи од 31 мај 2019 година (петок).
ИЗВЕСТУВАЊЕ
ИСПИТНА СЕСИЈА ЗА ВОНРЕДНИТЕ УЧЕНИЦИ ВО АВГУСТ
ЌЕ СЕ ОДРЖИ ОД
30 АВГУСТ 2019год.(ПЕТОК),
СО ПОЧЕТОК ВО 11и30ч.
ПОРАДИ ГОДИШНИТЕ ОДМОРИ РОКОТ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ИСПИТИТЕ ЗА ОВАА СЕСИЈА Е
ОД 13 АВГУСТ ДО 20 АВГУСТ
ПО ОВОЈ РОК ПРИЈАВИ НЕМА ДА СЕ ПРИМААТ