СУГС „Владо Тасевски“

Биди учен, биди стручен

СУГС „Владо Тасевски“ - Скопје
Образование за вработување во Македонија (E4E@mk) PDF Печати

На 19 јуни, 2018 (вторник) во М6 Едукативен Центар, Скопје беше одржан настан на кој се одбележи почетокот на проектот Образование за вработување во Македонија (E4E@mk), Поддржан од Швајцарија, а имплементиран од страна на Хелветас Македонија, Македонскиот центар за граѓанско образование и Стопанската комора на Македонија.

Проектот E4E@mk има за цел да стимулира вработување преку подобрување на стручните вештини во земјата. На свеченото отварање има обраќање Претседателот на Владата на Република Македонија, Амбасадорката на Швајцарија во Република Македонија и Министерот за образование и наука на Република Македонија кои дадоа целсна подршка за имплементација на проектот.

 

 
Покана за конференција PDF Печати Е-пошта

 

Почитувани,

Ве известуваме дека на 5 и 6 јуни 2018 година СУГС "Владо Тасевски" – Скопје во соработка со развојниот центар АКЕТ од Трикала - Грција, Комора на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија и STEMIC организира   прва Меѓународна конференција на средно технички училишта од Македонија, Србија, Грција, Бугарија, Албанија на тема ,,Конференција за градење на  искуство со проекти за подобрување на механизмите за подобро практично образование во регионот"

Ќе ни преставува посебна чест доколку ја проследите оваа значајна конференција со што ќе ни овозможите целосна подршка  на нашите напори за регионално вмрежување на средните стручни училишта.

Со почит,

М-р Билјана Глигорова

Директор

СУГС" Владо Тасевски " Скопје

 

 
ИНТЕРЕН ОГЛАС ЗА УПИС НА УЧЕНИЦИ ВО УЧЕБНАТА 2018/2019 ГОДИНА PDF Печати Е-пошта

Во прва година ќе се запишат 510 ученици во 15 паралелки (364 ученици во 11 паралелки со настава
на македонски јазик и 136 ученици во 4 паралелки со настава на албански јазик)
според наставните планови и програми за:

Сообраќајна струка - 170 ученици, 5 паралелки

- техничар за транспорт и шпедиција мак 68 уч. 2 пар. 4 г.тр. 60 минимум поени
- техничар за транспорт и шпедиција алб 68 уч. 2 пар. 4 г.тр. 60 минимум поени
-техничар за железнички сообраќај мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 50 минимум поени

Електротехничка струка - 238 ученици, 7 паралелки

- електротехничар за електроника и телекомуникации мак 136 уч. 4 пар. 4 г.тр. 50 минимум поени
- електротехничар за електроника и телекомуникации алб 68 уч. 2 пар. 4 г.тр. 50 минимум поени
-електромеханичар мак 34 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 минимум поени

Машинска струка - 102 ученици, 3 паралелки

- машински техничар – енергетичар мак 68 уч. 2 пар. 4 г.тр. 45 минимум поени
- инсталатер за греење и климатизација мак 34 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 минимум поени

За да го превземете целиот оглас кликнете овде

 

 
XXXVII Државни натпревари на електротехничките, машинските и сообраќајните средни училишта на Р.Македонија PDF Печати Е-пошта

 

XXXVII Државни натпревари на електротехничките, машинските и сообраќајните средни училишта на Р.Македонија се одржаа на 4.05.2018 год. во АСУЦ,,Боро Петрушевски во Скопје. Натпреварите свечено беа отворени од страна на г-ѓа Даниела Адамова, претставник од Град Скопје. Учениците се натпреварува во три категории; теоретски дел, практичен дел и изработени трудови . По завршување на натпреварите учениците и наставниците-ментори од сите училишта се запознаваа, дружеа и разменуваа искуства меѓусебе .

На овие XXXVII Државни натпревари нашите ученици ги постигнаа следниве резултати:

Сообраќајна стука –образовен профил: Техничар за транспорт и шпедиција

 

  • Александар Николовски (III-1 клас) ПРВО МЕСТО –ментор: Дејан Стојчески,

 

Електротехничка струка –образовен профил: Електротехничар за електроника и телекомуникации

 

  • Мајкл Танчин (III-4 клас) – ТРЕТО МЕСТО –ментор: Ана Петровска Ристевска

 

Машинска струка –образовен профил: Машинско-енергетски техничар

 

  • Димитар Шутаров (III-7 клас) –ВТОРО МЕСТО –ментор: Елена Лентиќ

 

Во категорија трудови постигнати се следниве резултати:

Електротехничка струка:

 

  • Виктор Пејковски (IV-5 клас) -ВТОРО МЕСТО - ментор: Катерина Малова Младеновска,

 

труд: ВУ-метар.

Честитки за учениците и менторите за постигнатите резултати.

 

 
СТОП ЗА НАСИЛСТВОТО МЕЃУ МЛАДИТЕ PDF Печати Е-пошта

На ден 26.4.2018 година во СУГС„Владо Тасевски“ беше организирана дебата на тема „СТОП ЗА НАСИЛСТВОТО МЕЃУ МЛАДИТЕ“под менторство на стручните соработници: Александра Цветаноска- педагог и Мартина Трајковска-дефектолог .

Учесници на дебата беа ученици од СУГС„Владо Тасевски“-Скопје, ученици од СУГС„Васил Антевски Дрен“-Скопје, директорот на СУГС„Владо Тасевски“-Скопје и претставници од одделот за Превенција при СВР-Скопје.

Цел на дебатата беше учениците да ги искажат своите размислувања,ставови и заклучоци по однос на ова прашање т.е. преку дебатата да се подискутира за причините кои доведуваат до насилство,каде се е присутно насилството,кои се начините на ширење на насилството,кои се последиците од истото како и да се понудат можни решенија со кои би се спречило или намалило насилството.

 
ПОСЕТА ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО НОВА ГОРИЦА PDF Печати Е-пошта

 

На 23.4.2018 година, нашето училиште беше посетено од професор Вероника Пеццинини и тимот на студенти кои го промовираа универзитетот во Нова Горица, како и поволните услови за продолжување на високото образование на матурантите од Р.Македонија.

 

 


Страница 3 од 26
Банер
loader

Моментално посетители

Има 44 гости присутни

You are here  :
Joomla extensions by Siteground Hosting