СУГС „Владо Тасевски“

Биди учен, биди стручен

СУГС „Владо Тасевски“ - Скопје
Државен натпревар по географија PDF Печати Е-пошта

На 20.04.2018 година на државниот натпревар  по >  географија што се одржа во Скопје на Природно- математичкиот факултет, нашите ученици натпреварувачи ги освоија следните места  :1.Фросина Алексовска од 1-1 го освои третото место во категоријата на средни стручни училишта а, 2.Ерика Асанова од 1-2 го освои петтото  место.


 
Практична настава PDF Печати Е-пошта

 

На 30.3.2018 г. учениците од машинска струка ( 3-8 клас ) под менторство на професорот Трајче Петковски ја реализираа практичната настава во компанијата за челична индустрија во „МАКСТИЛ АД“-Скопје.

 

 
Извештај за работен состанок! PDF Печати Е-пошта

На 27 и 28 март 2018 година, во главниот град на Албанија во Тирана, се реализира важни состаноци на водителите на средните училишта помеѓу двете земји. Со поддршка од Македонската Амбасада во Албанија реализиравме состаноци за соработка помеѓу средните стручни училишта од двете земји.

На 27-ми и 28 март 2018 Директорката на училиштето СУГС ,,Владо Тасевски” 
М-р Билјана Глигорова од Република Македонија и М-р Уран Туда како координатор на ова иницијатива се оствари средба со Инг. Хедије Бејтја Директорката на две стручно училишта за информатичката технологија и комуникација ,,Херман Гмајне” и Техничко електрично училиште ,,Ѓерѓи Цaнцo” во Тирана.


За време на првата средба на 27 март во хотелот Тирана, беа разменети информации и искуства на двете институции, се нагласиа идеи за значајна соработка и се изрази двострана подготвеност за оваа иницијатива за соработка помеѓу средните стручни училишта од двете земји. Целта на овие средби е да се реализира составување и потпишување на меморандум за научно стручна соработка и партнерство на полето на образовниот и едукативниот процес на ниво на средните училишта и истражувачките институции во двете земји за зајакнување на  билатералната  соработка  помеѓу  двете соседски  земји  на полето  на  образовнието  и  науката и за унапредувањето  на  едукативните , истражувачките и  апликативните активности од  технички  аспект  со  заеднички интерес  во  насока  на  Европските  интеграции.
Повеќе...
 
„Училиштата на град Скопје со отворени врати за факултетите и универзитетите за промоција на нивните студиски програми" PDF Печати Е-пошта

Во рамките на проектот инициран од Градоначалникот на град Скопје „Училиштата на град Скопје со отворени врати за факултетите и универзитетите за промоција на нивните студиски програми", во нашето училиште СУГС „Владо Тасевски“, се одржа на ден 28.03.2018 година. На отворениот ден присуствуваа неколку универзитети и факултети меѓу кои Факултетот за земјоделски науки и храна, Технолошко – металуршки факултет, МИТ универзитет, Факултет за електротехника и информациски технологии, Југоисточен универзитет, Факултетот за безбедност, Факултетот за бизнис и економија, Универзитетот за туризам и менаџмент, ФОН Универзитетот и Европски Универзитет. Организатори на отворениот дена беа Цветанка Ристиќ, наставник и кариерен советник во училиштето и Виолета Николовска помошник директор, како и учениците од Кариерниот центар. Отворениот ден помина во пријатна атмосфера каде што учениците имаа моѓност да се запознат со студиските програми на факултетите кои се претставија со нивните презентации и промоции.

 
Турнир во мал фудбал PDF Печати Е-пошта

Турнир во мал фудбал

Во период од 26.3.2018 г. до 2.4.2018 г. меѓу учениците од прва, втора,трета и четврта година кои наставата ја реализираат на албански наставен јазик, организиран е и реализиран Турнир во мал фудбал со натпреварувачки карактер. За најдобрите предвидени се и награди. Сето ова е под менторство на предметните наставници по спорт и спортски активности, Меритон Бериша и Берат Абази.

 
Циклус натпревари по информатика 2018-програмирање во C++ PDF Печати Е-пошта

Оваа учебна година СУГС „Владо Тасевски“- Скопје учествуваше на натпревар по информатика од областа програмирање во C++.

На регионалниот натпревар кој се одржа на 11.3.2018на  факултетот- ФИНКИ под менторство на професор по информатика Сениха Мандал учествуваа учениците Димитар Николовски и Јован Јачовски од I-5 клас, при што ученикот Димитар Николовски постигна одлични резултати и освои III место и се здоби со правото да учествува на државен натпревар.

Државниот натпревар се одржа на 24.3.2018 и ученикот Димитар Николовски постигна многу добри резултати и се здоби со пофалница.

 


Страница 4 од 26
Банер
loader

Моментално посетители

Има 33 гости присутни

You are here  :
Joomla extensions by Siteground Hosting