СУГС „Владо Тасевски“

Биди учен, биди стручен

СУГС „Владо Тасевски“ - Скопје
Завршни сметки за 2018 година PDF Печати Е-пошта

Завршни сметки


Во согласност со член 3 од Законот за изменување и дополнување за законот за сметководство


за буџетите и буџетските корисници службен весник бр.170 од 27.11.2017година ги објавуваме завршните сметки за 2018година.

 

Завршна сметка 603 за 2018 година

BPR_603

SPD_603

DE_603

BS_603

Завршна сметка 787 за 2018 година

BPR_787

SPD_787

DE_787

BS_787

Завршна сметка 903 за 2018 година

BPR_903

SPD_903

DE_903

BS_903

 
Одржан општински натпревар на електротехнички, машински и сообраќајни училишта PDF Печати Е-пошта

Кон крајот на месец февруари и почетокот на месец март во училиштето се одржаа општински натпревари за учениците од електротехничка, машинска и сообраќајна струка. Првопласираните ученици ќе продолжат на Регионални натпревари.

 
МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО: ЕУРМ гради мост за пријателство со Грција преку знаење PDF Печати Е-пошта

Идејата е соработка во делот на европски проекти, особено проекти во областа на неформално и формално образование, развој на вештини и развој на добри практики од грчката страна, како држава членка на Европска Унија и соседна земја, да биде пренесена на Европски универзитет РМ

На Европски универзитет РМ вчера беше потпишан меморандум за соработка меѓу оваа високообразовна институција, лидер во високото образование во Македонија и Развојниот центар од Тесалија “Акет” (Аketh) – организација од Трикала, Грција и “Стемик” (STEMIC), организација од Скопје, која е нивна придружница во Македонија и регионот.

Идејата е соработка во делот на европски проекти, особено проекти во областа на неформално и формално образование, развој на вештини и развој на добри практики од грчката страна, како држава членка на Европска унија и соседна земја, да биде пренесена на Европскиот универзитет РМ.

Повеќе...
 
ПОСЕТА НА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ГЕРМАНСКО СТОПАНСТВО ВО Р.МАКЕДОНИЈА PDF Печати Е-пошта

 

На 5.2.2018 г. во нашето училиште беше остварена средба со делегација на германско стопанство во Р.Македонија. На средбата се разговараше за дуалното средно-стручно образование , беа разменети искуства за реализација на практичната настава и можностите за унапредување на истата.

 

 
СООПШТЕНИЕ ЗА ПРОЕКТНА ЗАДАЧА PDF Печати Е-пошта

СООПШТЕНИЕ

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА за Државна матура и завршен испит се предава во архивата на училиштето и тоа најдоцна до 9.03.2018 година.

Презентацијата и одбраната на проектната задача за учениците од средно стручно образование се реализира во периодот од 14 март до 25 април 2018 година.

Насловната страна за проектната задача може да се најде на интернет страната на училиштето на следниот линк

На страната на Државен испитен центар во делот Проектни задачи може да се најде примерок од изработени проектни задачи на www.matura.gov.mk

 
Извештај од посетата на салонот и сервис за автомобили „Еуроимпекс“ – Скопје PDF Печати Е-пошта

На 22.12.2017, учениците од IV 7 и IV 8, заедно со предметниот наставник Рајна Каевска и со училишниот социолог ЗоранЕфремов, го посетија салонот и сервис за автомобили од марката Пежо, „Еуроимпекс“ – Скопје. Посетата беше планирана во рамките на наставната тема „Мотори со внатрешно согорување“, која учениците ја изучуваат во четврта година по предметот Термотехника. Целта на посетата е тие од блиску и практично да се запознаат со моторите со внатрешно согорување, дефектите кои се јавуваат кај нив, како и со начините на нивно отстранување.

Наш домаќин во салонот беше машинскиот инженер Васил Стамболиски. Тој им ги претстави на учениците најновите модели на автомобилите од марката Пежо, нивните перформанси, како и иновациите вградени во нив, со посебен осврт на заштитата на воздухот од загадување со издувните гасови. Во сервисот учениците видоа отворени мотори, делови од мотори, но и дел од системите кои ја овозможуваат правилната работа на моторите. На конкретни мотори беа разгледани одредени дефекти и нарушувања од нивната нормалната работа. За конкретни прашања учениците добија соодветни одговори од инженерот, на кои му благодариме за успешно реализираната посета.

 


Страница 6 од 26
Банер
loader

Моментално посетители

Има 43 гости присутни

You are here  :
Joomla extensions by Siteground Hosting