СУГС „Владо Тасевски“

Биди учен, биди стручен

СУГС „Владо Тасевски“ - Скопје
Работилници за 3Д моделирање, анимација и 3Д принтање PDF Печати Е-пошта

Почитувани ученици,
Академијата за 3D  и game design, ќе организираат  работилници  за 3Д моделирање, анимација и 3Д принтање во текот на второто полугодие.
За таа цел Вие како заинтересирани треба да ја пополните електронскава апликација ( даден е линкот подолу) и во неа да напишете во кратки црти зошто сте заинтересирани  за работилницата.
Планирано е да се одржат работилниците пред или после часови во траење од  2,5 часа за де не се губат часови од редовната настава.
Со дополнителни информации за оваа работилница ќе бидете информирани навреме.
Краен рок за пополнување на апликацијата е 28.12.2017 (четврток) година.
После овој датум ќе бидат формирани групите и термините во кои ќе се одржат работилниците.
Апликација за 3Д:
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfKpQUtX8nYlKLrn-BLVFszq4TXM0YAq0vbi4eIPnflVd8JOA/viewform?c=0&w=1
Ви посакуваме интересна и успешна едукација!

 
Проект „Личности и настани значајни за образованието во Македонија“ PDF Печати Е-пошта

Во периодот мај –декември 2017 година ученици од II и IV година учествуваа во реализација на проектот „Личности и настани значајни за образованието во Македонија“, под наслов „Драмското перо на меѓувоените автори ја отслика судбината на жената во традиционалното македонско семејство“. Во рамките на проектот се реализираше работилница за изработка на ракотворби , кои беа продавани на завршната манифестација, а средствата од продажбата беа донирани за децата со посебни потреби. Во почетокот на јуни, учесниците во проектот ја посетија театарската претстава „Трудна приказна“ во Театар Комедија.

Повеќе...
 
Завршни сметки 2016 PDF Печати Е-пошта

Завршни сметки


Во согласност со член 3 од Законот за изменување и дополнување за законот за сметководство


за буџетите и буџетските корисници службен весник бр.170 од 27.11.2017година ги објавуваме завршните сметки за 2016година.

 

Завршна сметка 603 за 2016 година тука

Завршна сметка 787 за 2016 година тука

Завршна сметка 903 за 2016 година тука

 

 
ПОСЕТА НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА БИЗНИС ЕКОНОМИЈА PDF Печати Е-пошта

На ден 23 ноември 2017 година дел од учениците од нашето училиште го посетија Факултетот за бизнис економија (ФБЕ) во Скопје со цел да присуствуваат на меѓународно предавање, одржано од проф. д-р Примож Певцин од Факултетот за администрација при Универзитетот во Љубљана (Р. Словенија)на тема „Менаџмент во јавниот сектор“.

Предавањето им овозможи на учениците да стекнат нови знаења за начинот на управување со јавниот сектор во Словенија, им беа презентирани конкретни примери за начинот на спроведување на јавните набавки во оваа земја, за тоа колку се важни резултатите од пополнетите прашалници од корисниците на јавни услуги, како се користат овие резултати за понатамошно унапредување на јавните служби . Учениците посебно беа заинтересирани за студирање во оваа земја па така професорот доби огромен број прашања за тоа какви се условите за студирање во Р. Словенија, на кој јазик се одржуваат предавањата, кој од тамошните факултети е најблизок до нивната струка и сл. одговорен наставник м-р Весна Живаљевиќ проф. по бизнис.

 
Обуки од програмата „Како да се стане еко училиште/градинка“ PDF Печати Е-пошта

На 20.11.2017 год. во хотел ,,Порта”-Скопје, наставникот Ана Николовска учествуваше на еднодневната обука од програмата „Како да се стане еко училиште/градинка“.

 
Освоено трето место на Град Скопје во ППЗ- квиз натпревар PDF Печати Е-пошта

Учениците Албертина-Клара Геневски, Андреј Ангеловски и Асмир Вусљанин од IV-7клас, под менторство на проф. Трајче Петковски, на квизот за против пожарна заштита освоија трето место на ниво на Град Скопје. Предходно, учениците победија на квизот организиран меѓу средните училишта на ниво на општина Аеродром.

 


Страница 7 од 26
Банер
loader

Моментално посетители

Има 31 гости присутни

You are here  :
Joomla extensions by Siteground Hosting