СУГС „Владо Тасевски“

Биди учен, биди стручен

СУГС „Владо Тасевски“ - Скопје
Избор на Лидер на ниво на училиште PDF Печати Е-пошта

 

Во втората недела на ноември 2017  се одржаа училишните натпревари за избор на Лидер на ниво на училиште од електротехничка, машинска и сообраќајна струка. Училишните натпревари се реализираа во два дела-теоретски и практичен дел.Најдобрите учениците ќе се натпреваруваат за избор на Лидер на државно ниво.

 
Завршени работилици во рамките на проектот за развој на вештини и поддршка на иновации за модернизација на средното стручно образование PDF Печати Е-пошта

Наставниците Цветанка Ристиќ, Мартин Павлов, Александар Каракачанов и Трајче Шопов, присуствуаа на дводневни работилници на 21 и 22. 09.2017 година, како членови на Националните експертски тимови во рамките на проектот за развој на вештини и поддршка на иновации за модернизација на средното стручно образование. На работилниците се обработуваа методологии, стандарди на сектори (струки), стандарди на квалификации, занимања и модуларни наставни програми, кои се воедно и главни цели на проектот. На обуката беше претставена македонската рамка на квалификации, каде што ги пополнувавме стандардите на квалификации за одредени области и пишување на критериуми за проверка на квалификации.

 
Презентација на преставници од МАКСТИЛ АД-Скопје PDF Печати Е-пошта

Минатата година учениците од завршните години од електротехничка струка изведуваа практична настава . Оваа учебна година покрај учениците од електротехничка струка,ќе се вклучат и учениците од машинската струка и за таа цел претставници од МАКСТИЛ АД-Скопје одржаа презентација во училиштето, на учениците од машинската струка и на Одборот на родителите за втора и четврта година. На тој начин, учениците и родителите беа запознаени дека по завршување на образованието во училиштето имаат можност да се вработат во оваа институција ученици кои ќе покажат интерес за вработување и кои стекнале практични вештини во текот на школувањето во рамките на реализација на практична настава во претпријатие.

 
Oбука на тема „Градење на капацитети за кариерните центри“ PDF Печати Е-пошта

На ден 20.09.2017 година наставниците Цветанка Ристиќ и Марија Стамболиева присуствуваа на обука на тема „Градење на капацитети за кариерните центри“, спроведена од Британскиот совет. На обуката беше претставена улогата на кариерните центри во средните стручни училишта, услугите во рамките на кариерните центри, можностите и предизвиците, линк меѓу училиштата и бизнис заедницата и улогата на наставникот и кариерниот советник. Беа споделени искуства и практики од присутните учесници, како и презентации на досегашни искуства и реализирани активности во кариерните центри.

 

 
Свечено доделување на дипломи 10.8.2017 PDF Печати Е-пошта

 
Посета на ученици во ГИМ PDF Печати Е-пошта

 

На 23.05.2017 година учениците од електротехничка и машинска струка со наставниците по практична настава Светлана Николовска, Трајче Петковски и Уран Туда, ги посетија  лабораториите на Институтот и се запознаа со испитувањата на квалитетот на градежните материјали. Учениците можат  да реализираат и феријална пракса во летниот период во оваа институција.

 


Страница 8 од 26
Банер
loader

Моментално посетители

Има 45 гости присутни

You are here  :
Joomla extensions by Siteground Hosting