СУГС „Владо Тасевски“

Биди учен, биди стручен

СУГС „Владо Тасевски“ - Скопје
КЛАСЕН ЧАС ПО ПОВОД ДВАЕСЕТ ГОДИНИ ОД МАТУРА PDF Печати Е-пошта

На 13.05.2017 година во училиштето дојдоа учениците од генерацијата 1993-1997 година, кои организираа средба по повод дваесет години од матурирањето во ова уцилиште со класните раководители. Нема зборови со кои можат да се опишат импресиите од оваа средба, тогаш примерни или палави ученици, а сега сите семејни луѓе, вработени и успешни во својата работа.

Класните раководители Марија Хаџи Бошкова, Игно Ефтовски, Снежана Божиновска и Виолета Николовска со присутните ученици одржаа класен час и евоцираа спомени од училишните денови.

Поздрав до сите матуранти и Ве очекуваме да се видиме после пет години!


 
РАБОТНА ПОСЕТА НА ГРАДЕЖЕН ИНСТИТУТ МАКЕДОНИЈА PDF Печати Е-пошта

На 11.05.2017 година, група од пет професори од нашето училиште беа во работна посета на Градежен Институт Македонија. Посетата беше со цел да се договори организирана посета на лабораториите на ГИМ и можност за реализација на феријална практика во летниот период со заинтересирани ученици од училиштето. Низ организирана посета, професорите имаа можност да се запознаат со работењето на заводот-лабораторија и активностите кои овој завод секојдневно ги реализира.

 

 
ОТВОРЕН ЧАС ЗА БЕЗБЕДНОСТ ВО СООБРАЌАЈОТ PDF Печати Е-пошта

„Младост без лудост“ е мотото под кое ќе се реализира нова кампања на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, која беше промовирана на 4.05.2017 година, а во наредниот период ќе се реализира во соработка со МВР, Агенција за млади и спорт, Град Скопје и другите партнери, а истата има цел да се намали бројот на загинати и на повредени млади лица во сообраќајни незгоди. Бидејќи наближуваат матурските прослави, оваа кампања треба да ја зголени свеста на младите возачи.

Професорката Цветанка Ристиќ во склоп на редовната настава, одржа час за безбедност во сообраќајот и примерно однесување на сите учесници со учениците од трета година од сообраќајна струка. Учениците имаа можност да го видат уништеното патничко возило во кое згасна еден млад живот заради несовесно возење.

 

 
Кампања „НЕ за селфи на воз- вреди да живееш“ PDF Печати Е-пошта

 
Учество во Проектот ,,Инфо Млади @ Креативни 2017,, PDF Печати Е-пошта

Нашето училиште СУГС,,Владо Тасевски” како училиште кое постојано се докажува и интегрира со својата креативност и неуморност, се пријави за учество во Проектот ,,Инфо Млади @ Креативни 2017,, година како едно од средните училишта во Град Скопје.

Во проектот се вклучвме со едукативна работилница од визуелните уметности со која ќе се подигне еко свеста меѓу средношколците , а и во општеството. Нашиот проект опфаќа изработка на светлечки продукти и како финален резултат да биде создаден креативен производ од рециклирана хартија во спој со дрвото и електриката со кој учениците од нашето училиште ќе го докажат својот креативен потенцијал, ќе научат и совладаат нови вештини а воедно ќе укажат на значењето на хартијата како симбол во нејзината бесконечна употреба.

 

Повеќе...
 
Промоција на СУГС,,Владо Тасевски’’-Скопје во основните училишта PDF Печати Е-пошта

Наставниците од СУГС Владо Тасевски – Скопје, преку презентации ги запознаа учениците од IX (деветто) одделение со струките кои се изучуваат во нашето  училиште и изборот кој можат да го направат со цел да се здобијат со квалитетно средно стручно образование. На 4.05. 2017 година тимот за презентација на училиштето ги посети учениците во ОУ,,Ацо Шопов”-населба Радишани, ОУ,,Климент Охридски- населба Бутел, ОУ,,Петар Здравковски -Пенко”- населба Чаир, ОУ,,Панајот Гиновски”- населба Бутел 2 и ОУ,,Глигор Прличев- населба Железара.

 


Страница 10 од 26
Банер
loader

Моментално посетители

Има 28 гости присутни

You are here  :
Joomla extensions by Siteground Hosting