СУГС „Владо Тасевски“

Биди учен, биди стручен

СУГС „Владо Тасевски“ - Скопје
Нашето училиште посетено професори истакнати и на меѓународен план PDF Печати Е-пошта

На ден 21.08.2018 (вторник) во училиштето СУГС „Владо Тасевски“ имавме одлична можност да бидеме домаќини на двајца извонредни гости кои своите професионални искуства ги имаат одамна потврдено и на меѓународен план.
Професорот Зоран Јаневски кој е директор на Економскиот институт при УКИМ во Скопје, и проф. Катерина Белазелковска поранешна директорка на СУГС "Владо Тасевски" а сега проектен менаџер на Рајерсон Универзитетот во Канада.
И двајцата ги пренесоа своите искуства особено во работата со младите и нивната потреба да се развијат во претприемачи како и целосно профилизирани кадри, и се отворија повеќе дискуии и теми каде можат овие инситуции да придонесат во едукацијата на нашите ученици во СУГС "Владо Тасевски .

Директорката Глигорова повтори дека овие неколку години СУГС„ Владо Тасевски“ со својот колектив несебично се труди да го развие својот опус на пријатели и соработници кои доаѓаат од реалниот сектор но и од особено почитуваните различни високо образовни институции со цел изнаоѓање на идеи и концепти кои ќе помогнат во развојот на кадрите во ова училиште.
Особено се потенцираше иновативноста и степенот на високо познавање на разни техники на работа во електро и механичката струка но и во информатиката.
Двајцата гости дадоа силна поддршка во напорите за профилирање на повеќе различни вештини кај младите од оваа училиште.

 
Свечено доделување на дипломи PDF Печати Е-пошта

 
Поравни испити за ученици од завршна годинап PDF Печати

С О О П Ш Т Е Н И Е

Им се соопштува на учениците од завршните години за учебната 2017/2018 година, дека пријавувањето на поправни испити е на 6.08.2018 ( понеделник ) од 8 : 00 до 12: 00 часот. Учениците кои нема да ги пријават испитите во дадениот термин НЕ ќе може да ги полагаат во август.

Поправните испити од сите струки (електротехничка, сообраќајна и машинска) ќе се полагаат на ден 8. 08.2018 ( среда ) со почеток во 9:00 часот.

 

Изработил: Мартина Трајковска, дефектолог

Контролирал: Виолета Николовска , пом. Директор

Директор:

М- р Билјана Глигорова

 
OБУКА НА НАСТАВНИЦИ на тема: „Изработка на план за личен професионален развој на наставникот-цели,активности и рефлексија“ PDF Печати

 

Обуката на наставници се одржа од 30.06. до 1.07.2018 г. според дадена агенда во Банско, Р. Бугарија. На обуката беа присутни 38 наставници од нашето училиште.

Обуката на тема: „Изработка на план за личен професионален развој на наставникот-цели,активности и рефлексија“ ја држеше декан проф. д-р Шекеринка Ивановска Декан на Факултетот за економија и организација на претприемништвото на меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романовиќ Державин“ во Свети Николе. На обуката наставниците активно учествуваа во дискусиите со лични примери од работата во наставата.

Завршниот дел од обуката се одржа на 1.07.2018 г, се донесоа одредени заклучоци и се поделија сертификати.

Обуката беше успешно реализирана, наставниците беа задоволни бидејќи покрај едукацијата тие се дружеа во слободното време и поминаа прекрасни и незаборавни моменти.

 

 

 
Завршен настан по повод официјално затворање на проектот „Зајакнување на образованието во средните технички училишта во Македонија преку воведување едукативни програми за целите за одржлив развој“ PDF Печати

На 07 јуни 2018 година во СГГУГС Здравко Цветковски во Скопје се одржа завршниот настан на проектот „Зајакнување на образованието во средните технички училишта во Македонија преку воведување едукативни програми за целите за одржлив развој“ кој се спроведуваше преку грант од програмата СЕЕДЛИНГ на Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа, со почеток од јануари 2018 година, а со финансиска поддршка од Автриската агенција за развој.

На настанот се презентираа резултатите од спроведените проектни активности, а се обратија претставници од Министерството за образование и наука на Република Македонија, претставник од Бирото за развој на образованието, општина Карпош, како и од училиштето домаќин.

Целта на проектот е „да се подобрат знаењата и вештините на учениците и наставниот кадар во средните технички училишта во земјата преку интегрирана подготовка и воведување едукативни програми за ЦОР во образовниот процес“.

Посебно место имаа учениците од средните технички училишта - партнери на проектот, кои презентираа изработени задачи на теми поврзани со одржливиот развој.

СУГС Владо Тасевски, Скопје учествуваше на настанот со изготвена презентација од ученикот Кристијан Анѓелкоски од 2-5клас, ментор: проф. Виолета Николовска

 
НАГРАДЕНИ НАЈДОБРИТЕ ОД СКОПСКИТЕ РЕГИОНАЛНИ НАТПРЕВАРИ

Градоначалникот Шилегов на 21.06.2018 година, во Салата на Советот на Град Скопје, им додели благодарници и награди на учениците коишто постигнаа најдобри резултати на скопските регионални натпревари.

Од нашето училиште се наградени следниве ученици:

На нaтпреварот по предмети од електротехничката, машинската и сообраќајната струка, највисоко рангиран е ученикот:

1 место Александар Николовски –ментор Дејан Стојчески

На натпреварот по географија добитници се:

1 место Фросина Алексовска -ментор Борис Василевски

2 место Ерика Асанова -ментор Борис Василевски

 


Страница 2 од 26
Банер
loader

Моментално посетители

Има 35 гости присутни

You are here  :
Joomla extensions by Siteground Hosting